01

Со древната градба и сончевата веранда потсетува на колиба од соништата, која во внатрешноста кани со топла атмосфера и мноштво слатки изненадувања сокриени во секое катче. Малата комфорна оаза е сместена во живописната шпанска провинција, со поволна клима и фантастични панорамски глетки. Совршено е нагласена нежната женствена визија на сопственичката, со инспириција позајмена од убавите бои во градината. Умешно се пресликани и во ентериерот, кој е подеднакво шик, романтичен и рустичен, со многу лежерност, комфор и пријатно чувство во секоја просторија. Старите и новите парчиња мебел одлично се надополнуваат, во тандем со топлите дрвени допири и кокетните винтиџ и традиционални декорации. Кога оваа идилична планинска куќичка би била парфем, би опивала со есенцијата на розата, присутна како детал насекаде низ ентериерот. Вистински предизвик e да се одреди дали поубаво изгледа, или, пак, мириса. Доминираат розовите и зелените акценти, нагласени од светлината и нежните пастелни тонови на остатокот од опкружувањето. Не изостанува ниту празничниот декор, со неодоливи аранжмани од рози, гранчиња елка, шишарки и свеќи распрснати насекаде, давајќи и магичен блесок и внатре, и во градината. Се’ е подготвено и украсено за дочек на престојните празници, во убав амбиент, со чаша шампањ и уживање во благодетите на планинската идила. Прекрасна викенд инспирација!

02

03

04

05

06

07

08

09

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Празнично лудило
Следна објаваДизни-честитка
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР