Млад меѓународен натпревар на современа уметност (Young International Contest of Contemporary Art) започнува како амбициозен проект за транспарентност, компарација и истражување, како и промоција на нови уметнички таленти. Во услови на денешницата, овој погвид претставува вистинска тешкотија бидејќи е предизивик да се извојува согласност и своевременост на барањата на уметничкиот пазар, особено од аспект на постојано зголемување на бројот на нови уметници во полето на современата уметност. YICCA за првпат започна со својата дејност во 2009 година, каде што одлуката за основањето произлегува од откритието на нови, изненадувачки и необични форми уметност. Нивната главна цел е да ги разберат и унапредат новите таленти, кои во совршениот хаос се способни да ја протолкуваат уметноста.

.1

Гласањето се одвива преку корисничките профили на facebook, така што она дело кое што највеќе Ви се допаѓа, ќе го добие Вашето „ми се допаѓа“, а подоцна може да доживее и споделување. Условите се следни: што повеќе допаѓања и споделувањата, толку пораширена и промовирана уметност. Гласањето завршува на 10ти декември, 2013; во 23:59 минути.

.1.

Оваа година, сите наши гласови одат на сметка на One dream, на Blaska Mi Eva, уметник од Македонија. Нејзиното дело го опишува како

„Водечко уметничко дело од мојата изложба наречена „Еден сон“. Опис на еден сон, со различни форми, броеви, букви, знаци, животни… Симболи од нашите соништа кои понекогаш може да г опишат она што го сакаме или мразиме. Таа провокација беше доволно силна за мене, да се обидам да насликам еден од моите соништа и да доловам момент, фрагмент од мојата меморија во посебно уметничко дело.“

Сликата е создадена во акрил, со ширина 85 см, висина 75 см, додека дебелината изнесува 3 см. Создадена во ноември, 2011 – оваа година ги очекува Вашите гласови, на следниот линк: http://yicca.org/en/opencontest/artwork/508/one-dream.
Да ја поддржиме Blaska Mi Eva на YICCA 2013!

 

СПОДЕЛИ
Претходна објава,,Мандарина’’ фотелја
Следна објаваКреативно решение за мал простор
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР