Како што библиофилите внимателно го следат секој чекор на филмската индустрија кога се во прашање адаптации на познатите приказни од книгите, така се случи и минатата недела со откривањето на промо-постерот за „As I Lay Dying“ со Џејмс Франко во главната улога.
Генерално земено, оценките на книжевната јавност се прилично негативни бидејќи најголем дел од нив очекувале нешто повеќе. Но, наместо да се согласиме или да се противиме на тимот кој работеше на постерот, решивме да ја споделиме идејата на Book Riot каде што Џејмс Франко се појавува како главна улога во серија фотографии со наслови на познати книги. Секако, секоја една од нив е дело на креативната имагинација и реализација на читателите.