01

Деталите се оние кои го креираат амбиентот во просторот, а во оваа спална соба тоа се внимателно избрани суптилни и нежни декорации кои и дават исклучително романтична и женствена нота. Бело – црвената комбинација доминира во просторот, играјќи со тоновите на нежноста и страста, а смирена е со вметнување на светли пастелни нијанси во опкружувањето. Изборот на рустикални дрвени допири, архаичен мебел и антиквитети совршено се вклопува во целата приказна, наликувајќи на романтична сцена во која носталгично се пресретнуваат спомените од минатото и историјата. Пространа и комфорна, со светол тон, во спалната соба при дизајнирањето значаен акцент даден е на релаксираното чувство и лежерноста, па така, уредена е пријатно, со природни материјали и меки ткаенини, а обезбеден е продор и на мноштво сончева светлина во просторијата. Поставени се две позиции за седење токму крај прозорците, со избор на неодоливо ,,chill out” катче за читање, како решение за просторот под еден од нив. Особено привлечна е винтиџ бањата, која со својот романтичен традиционален изглед е реплика на оние од 19-тиот век. Многу цветен декор, светлина, свежина, поетична магија и романтичен амбиент кој се разлева насекаде – инспирација до најситен детал за создавање на  романтично издание и во вашата спална соба.

02

03

04

5

05 06

07

08

09

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЦрно – бели слики | Marta Penter
Следна објаваЖизел пее за H&M
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР