1Ексклузивно за Elle Décor, популарната холивудска актерка ги отвора вратите на својот префинет дом во Њујорк, кој ќе се најде на страниците на октомвриското издание на магазинот. Она што може да се види од мини турата низ њујоршкиот апартман на русокосата филмска ѕвезда, е дека иако гламурозен и блескав, тој не е претенциозен и со пренагласен луксуз и раскош, туку е дом во вистинска смисла на зборот, со елегантен дамски декор одбран со многу вкус од актерката. Во урбаниот Менхетен, апартманот со површина од 223 м2 максимално ги отсликува нејзините желби за суптилен сјај и блесок во домот, уреден во соработка со дизајнерката Kelly Wearstler, која во реализацијата на ентериерот ги потенцира кубанските корени на Диаз, при изборот на детали кои се искомпонирани во модерено стилизирано издание. Преовладуваат неутралните пастелни тонови, стилската инспирација од 70-тите години, и доминантна златна нитка која се провлекува како акцент во секој простор, давајќи му умерена доза на префинет гламур и раскош на нежниот ентериер. Особено привлечна е убавата дневна соба, комбинација на трендовската пудер нијанса и нагласените лимон жолти детали, во опкружување кое го сочинува декор во бели, црни и пастелни тонови и сензуални дрвени допири. Инспиративно се уредени и трпезаријата, кујната во смарагден тон, спалната и бањата на Камерон, како и гостинската соба со бања, потврдувајќи дека покрај за глумата, актерката поседува неверојатен стил и талент и кога се декоратерските способности во прашање. За својот дом, таа вели: ,, Опкружена сум со нештата кои ми значат, а тоа е суштината на домот.’’

2

3

4

5

6

7

8

9

СПОДЕЛИ
Претходна објаваI Am Street Fighter | документарец за 25 годишнината
Следна објаваУште 5 минути…
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ