1

Со површина од само 32 метри квадратни, овој минијатурен стан е совршена визија за универзално, современо и урбано катче, кое е спакувано во мали пропорции, а располага со сите предиспозиции за удобен живот во него. Сместен е во Одеса, Украина, а за целокупното уредување на ентериерот одговорна е дизајнерката Татьяна Пичугина, која во ова мало издание има интегрирано дневна соба, спална, екипирана кујна и бања, со максимална функционалност, без притоа станот да делува пренатрупан и некомфорен за престој во него. Напротив, изгледа многу попространо од она што фактички е, а површината е искористена поефикасно дури и од оние станбени објекти со многу повеќе квадрати на располагање. Која е тајната? Примената на минималистичкиот стил на уредување, внимателниот избор на мебел со модерен дизајн, креативните решенија за складирање и палетата на бои која како шема е присутна во секој простор. Налик на скандинавските ентериери, и во ова катче бело-црната игра со бои доминира во ентериерот, а надополнета е со детали и декор кој ги комбинира тиркизно сината и портокаловата боја –  комплементарниот пар кој се покажува како одличен тандем во малиот простор. Му дава елегантен, избалансиран, свеж и релаксиран изглед, кој е пријатен и хармоничен за окото, но истовремено постигнат е и разигран, колоритен и динамичен ефект. Дневната и спалната соба се издвоени со полуѕид, оспособен од двете страни со простор за складирање, а исклучително убаво решение се ѕидовите со гитерка и изборот на дрвен под, со што е внесено пријатно топло чувство во ентериерот. Секој детал е одбран со многу вкус, а секое катче примамливо за престој во него. Впечатлив е и акцентираниот црн ѕид  илустриран со креда, кој е апсолутен хит и еден од најактуелните трендови во дизајнот на ентериери. Инспирирајте се!

8

7

1

4

5

2

6

3

9

10

11 12

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Убавината на природата
Следна објава4 неочекувани пејсажи | Librarian Colleen Theisen
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР