Ако за малите станбени површини важи правилото дека минимализмот и едноставноста се најдобрата опција за уредување на просторот, тогаш овај колоритен и неверојатно среќен дом кокетно им пркоси на ваквите убедувања. Иако е со површина од само 48 метри квадратни, тој е комплетно функционален, а притоа зрачи со енергичноста и шик амбиентот, рефлектирајќи неизмерна љубов и радост на живеењето.  Со оглед на можностите, дневната, спалната соба и кујната се интегрирани во еден единствен отворен простор, издвојувајќи се меѓусебно со начинот на кој е позициониран мебелот. Белата боја е основата на ѕидовите, зачинета со тапети во шарени дезени и уникатни ѕидни украси, а просторот е разигран со впечатливи винтиџ декорации во интензивни и јаки бои. Во дневната соба, духот на раните 70-ти години е внесен со ретро фотелјата и мини-орманот во електрично сина боја, а во комбинација со останатите нежни парчиња бел мебел, декоративни перници и корален тапет во позадината. Веднаш до неа, сместена е малата весела кујна, која иако е со црни елементи, сепак на инвентивен начин се надоврзува со оптимистичките пораки. Со шпорет и мијалник инкорпорирани во ѕидот, голем простор за складирање и дрвен допир со рустикалната маса, одлично е екипирана и се вклопува во контрастниот спој од традиционално и модернистичко опкружување. Креветот е поставен на дрвени палети, решение кое овозможува дополнителен простор за складирање, а со колоритноста и шарениот дизајн идеално се надоврзува на приказната од дневната. Поради интимноста, единствено бањата е издвоена во посебна просторна целина, уредена со цветен дезен во зелени и златни тонови. Недостатокот од градина и тераса симпатично е надминат со вазните свежо цвеќе поставени во секое катче, а финиширано со импровизираната зелена ,,градина” над креветот, издигната над романтична бела ограда.

2

3

4

5

6

7

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХари Потер во стрип | Lucy Knisley
Следна објаваНајмотивациското видео до 2013
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ