01

Во строгиот центар на Париз, на последниот кат од стара градба, младиот пар архитекти од студиото l’Atelier d’Archi имаат создадено елегантно и префинето, но мошне пријатно станбено гнездо за живеење. Станот е дуплекс со вкупна површина од 70 метри квадратни и минималистички уреден ентериер, кој овозможува максимален комфор и рационално искористување на просторот, а притоа изгледа софистицирано и урбано. Дизајниран е со палета на смирени тонови и модерни текстури, избрани со многу вкус, со што се оддава впечаток на стилски компактна целина во која доминира личниот печат на двојката. Светлите бои внесуваат свежина и по малку скандинавска елеганција, додека потемните тонови во комбинација со дрвените допири овозможуваат топол и пријатен амбиент во домот за нив и нивниот мал син. Одличен пример е како и станбен простор со не толку голема површина, може целосно да одговори на потребите на современото семејно живеење, во секогаш динамичниот град на светлината.

02

03

04

05

06

Juy

08

09

10

11

12

13

Juy

15

1816

17

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБлискиот Исток во Оксфорд | Zaha Hadid Architetcs
Следна објаваФото на денот | Почеток и крај
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ