Книго-холици, новинари, писатели и уредници: вистинско освежување следува во Вашиот простор, кој радо ќе ги вдоми Вашите најмили!  Сино и официјално, никогаш не би претпоставиле што може да крие нејзиниот ентериер. Од пријатни наслови до остроумни цитати, ова е местото каде ќе ја сокриете Вашата љубов кон книгите. TARDIS е полица инспирирана од истоименато летало кое патува низ време и простор од култната британска серија Doctor Who. Како што TARDIS однадвор е ретро полициска телефонска говорница со стандардна големина, а одвнатре огромно летало, можеби и оваа полица ќе ви ја даде таа илузија… што може да се сфати како совршена метафора за книгите – надворешноста е мала, а содржината крие цели светови.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМашки тренд | Тексас кошула
Следна објаваСрцето на Англија | Cotswolds
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР