Еден од најлесните начини на декорирање на домот e вметнување на украсни перничиња во вашиот ентериер. Доколку сте носталгичар и љубител на старото време, поточно 60-тите години од минатиот век, овие перничиња со интересни дезени на дизајнерот Andrew Martin ќе ве освојат на прв поглед.
Работата на овој дизајнер опфаќа изработка на мебел, додатоци и украси, ѕидни тапети како и дезен на платнени материјали за употреба во домот. За овие перничиња, дизајнерот ја влече инспирацијата од повеќе области, највеќе од поп културата – стрипови, карти за играње, vintage сцени и познатите музички, модни и холивудски икони од 60-тите години како Мерилин Монро, Грејс Кели групата Битлс. Доколку размислувате за декорирање, ваквите дизајнерски перничиња ќе и дадат културен дух на просторијата и совршено ќе го дополнат и декорираат просторот во вашиот дом, а истовремено ќе ве вратат во златната доба на Холивуд.