Постоеше време кога бањата во домот се перцепираше како корисен простор во својство на извршување на една неопходна, но одвреме/навреме, здодевна должност. Но, водејќи се од фактот дека идентитетот на просторот драстично се менува низ годините, бањата денес ја доживуваме како место за бегство од реалноста и време за себе, време за релаксација. Што ако може да додадете многу повеќе на ова уживање?
Релаксацијата доаѓа во пакет со многу додатоци – пример за тоа се овие модерни кади со вграден оддел со полици за складирање, причина плус да ги водите Вашите книги секаде со Вас. Покрај омилените наслови, на полиците кои може да бидат бочно поставени во непосредна близина, (евентуално и на самата када), може да додадете миризливи свеќи, рамки со слики, кутија со чоколади… а можеби и залутано шише вино… уживањето е препуштено само на Вас!