4 пати по 365 дена несебично споделување љубов и прегратки, чиј зачеток се случи на градскиот плоштад во Скопје: познатата иницијатива на Гушкачите од здружението Млади за љубов, под капата на кампањата „Гратис Гушкање“ која пријатно не изненади пред 4 години, оваа година го прославува својот четврти роденден. Време е за забава со гушкање :)
Четири години забавно дружење и хуманитарни акции во името на племенитата цел, да се разбуди свеста дека љубовта е бесплатна и бесценета категорија која истовремено може да ја пружиме и примиме – среда, 4 јули во Intermezzo Caffe со почеток од 21. 30 часот, Гратис гушкање Ве поканува заедно да го прославиме овој значаен датум. Музичката интерпретација ќе биде на High Control и Bony Coxy, додека Гратис Гушкање ветува многу забава и, секако торта. Резервации на 077/ 515 – 352. Бидете таму во името на големата цел!