Од 4 до 7 мај, во организација на Скопје Сити Мол и во соработка со Занаетчиска комора Скопје ќе бидат отворени „Денови на филигранство и накит“, настан на кој ќе се претстават дури 23 „артизанс“ индивидуалци – уметници.

Ова е единствена можност на едно место да се видат рачно изработени уметнички форми на накит од сребро, бакар, челик, преку епоксидна смола, чисто сребро 925, полимерна глина, до керамика, плексиглас и мурано стакло.

 

Најголем дел од креативците изработуваат филигран, како најделикатна и елегатна форма на накит, а ќе се претстават и учесници кои создаваат шарени и весели приказни во форма на накит за стилски сонувачи и храбри луѓе.

Во секој детаљ на уникатните парчиња накит е втиснат креативниот, искуствен и авторски труд на овие 23 уметници.

Настанот ќе се случува четири денови на приземјето на Скопје Сити Мол и ќе се претстават следните артизани:

  • Катарина Дода Катарина Дода „KD Jewelry“, филигран од сребро, кој досега е претставуван на фестивали за зачувување на традиционалните занаетчиски производи во САД, Аргетина, Шпанија, Оман, Узбекистан ,Порторико… и на истите е наградувана за најдобро дизајниран и изработен накит;
  • Светлана Ивановска – „Арт Студио С“, понесена од геометриските форми и природата создава софистицирано парче накит, направено од различни материјали и техники, а жицата е основа во секое парче;
  • Кристина Мауровска Темкова – „Студио Кристина“ ќе се претстави со накит изработен од бакар, медицински челик и сребро во комбинација со полудраги камења;
  • Елена Поповска -„Мај Прешс“, го комбинира филигранот, како најделикатна и елегантна форма, месингот и бакарот и преку различни техники ја доловува приказната за убавината на природата;
  • „Ателје Сиена“ изработува креативни парчиња на рачно насликан накит, залеан со епоксидна смола и рачно изработен накит од сребро и филигран;
  • Александра Атанасовска – „МОRPHO“ е искрен поклоник на филигранот, кој во себе ги компилира занаетот, мајсторска умешност, културно наследство и создава накит од сребрена и златна испреплетена жица,
  • Маја Донева преку нејзиниот накит ги одржува филигранството и ќустекот како занаети и пронаоѓа уникатни начини да ги употреби овие техники во своите креации;
  • Миранда Дема – „Coral Jewelry“ е бренд специјализиран во рачно изработување на персонализиран накит од чисто сребро 925;
  • Јулијана Илиевска – „Џули Декупаж“ изработува накит од епоксидна смола со суви цветови, рачно везени и шиени модни додатоци и накит од полимерна глина;
  • Марта Пејоска е архитект, која креира во полето на дизајнот и ја користи сребрената жица како медиум. Преку филигранската техника ја раскажува сопствената архитектонска приказна, на еден модерен и концептуален начин;
  • Лада Шоптрајанова Петровска – „Filigree LARGO“ изработува сребрен накит во традиционална филигранска техника, но со нетрадиционален дизајн. Таа е виолинистка, па низ нежната структура на сребрените жици протекува музика, исто како низ жиците на виолината;
  • Милица Гавриловска – „Equilibrium.fine.arts“, секое парче накит е асиметрично, апстрактно, аморфно во изгледот и дезенот, изработен од епоксидна смола и полимерна глина, со специфичен микс на нијанси и бои;
  • Елеонора Дулјанова – „Small piece of joy“,  изработува накит од керамика. Нејзините дизајни се шаренолика палета од разновидни и уникатни парчиња;
  • накитот на Марија Таировска – „Marcy’s handmade“ е експлозија од шарени и весели приказни во форма на накит за стилски сонувачи и храбри луѓе;
  • Емина Амит – „Ателје Месечина“, изработува филигран во комбинација со школки, а за дел од накитот користи стари пари-кованици од кои создава прстени и обетки во комбинација со сребро, како и камчиња во комбинација со бакарна или алуминиумска жица;
  • Ивана Кондратенко – „ARTNOK“ ќе се претстави со обетки, кои имаат специфичен дизајн, 2Д и 3Д формат, изработени од полимерна глина и елементи од дрво, стакло и метал;
  • Милена Станковска – „BRUMA“ од сребрена суровина, преку жица, до уникатно парче уметност. Брендот е спој на филигранска техника и современ израз, збогатен со традиционални и нови техники, кои доаѓаат од далечни краишта, како што се „keum-boo“ и „fold-forming“;
  • според Татјана Богоевска и Борче Богоевски – „Керакамика“, глината е таа што ја апсорбира убавата енергија. Користат природни еколошки и безбедни материјали и создаваат персонализиран накит, брошеви, обетки и ланчиња;
  • Данче Наумоска – „КОППЕР АРТ“ креира накит од бакар и месинг, при што користи разни техники како посребрување, патинирање и боење
  • Дијана Тодоровски – „Добро ми Стои“ создава современи форми од сребро, кои ги комбинира со месинг и бакар, а креациите се поврзани со природата и животинскиот свет;
  • Катерина Јовановска – „Stardust Kejt Rakotvorbi“ ќе се претстави со накит од епоксидна смола и полимерна глина во едноставни, нежни, пастелни комбинации, едновремено и авангардни, живописни и цветни дизајни;
  • Блашка Миева –„Freya Fashion Jewellery”, прави накит од плексиглас и полимерна глина. Секое парче е рачно сликано и автентично, каде формата се третира скулптурално и апстрактно и
  • Ибро Ибраим – „Филигран Ибро“ ќе се претстави со традиционален филигран накит.
СПОДЕЛИ
Претходна објава,,Сон”- Самостојна изложба на Љуљзиме Османи
Следна објаваРецепт за пецива кои можете да ги јадете без грижа на совест
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ