Во организација на Europe House Skopje и Факултетот за ликовни уметности – Скопје по повод Светскиот ден на уметноста, граѓаните ќе имаат можност да ја разгледаат Старата скопска чаршија, разнобојната и богата галерија на уметности и занаети. Светскиот ден на уметноста го ќе се одбележи  славејќи ја креативноста и генијалноста на локалните уметници и занаетчии.

Придружете се на прошетка низ дуќаните со стари традиции на изработување на шарен текстил, керамика, шапки и накит, а овој пат и придружени од уметничките дела на студентите од Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Чаршијата како галерија е концепт на кој сакаме да му го вратиме стариот сјај на нераскинливото проткајување на занаетчиството и уметноста. Контрастот е препознатлив белег за Скопје, па во таквиот дух ќе ја извеземе прошетката низ занаетчиските дуќани со стари традиционални занаети и уметнички поставки на младата современа критичка мисла”.

На 06.04.2023 година (Сули-ан), со почеток од 13 часот, чаршијата ги отвора вратите, поканувајќи ги посетителите да ја споделат нејзината магија и да го истражат чудото на традиционалните занаети и современиот уметнички израз од прва рака.

Изложбата ќе биде отворена до 12.04.2023 година.

ФБ НАСТАН: Europe House Skopje 

—————————————————————-

 

 

 

 

 

 

НЕМА КОМЕНТАРИ