Очилата за сонце се дефинитивно нашиот омилен моден додаток. Иако имаме неколку  во нашата колекција, секогаш има место за уште еден пар.

Сакаме да ги носиме секој сончев ден, без разлика на сезоната, сепак, очилата за сонце и понатаму се заштитен знак во лето.

Иако овие очила веќе беа популарни минатата година, нивната популарност нема да биде ништо помала ниту оваа година. Имено, станува збор за очилата Celine Triomphe 01, кои повеќе од една година не се симнати од врвот на листата на најпопуларни очила.

Се работи за очила со овални ретро рамки и многу елегантен дизајн. Она што ги краси овие очила е знакот на брендот Celine, кој можете да го најдете и на истоимената торбичка Triomphe.

Овалните очила за сонце можат да го комплетираат секој летен изглед. Изработени се од еднобоен ацетат во разни бои.

НЕМА КОМЕНТАРИ