Културно информативниот центар-Скопје продолжува со својата богата програма со кoнцертот Магија на Музиката’ во изведба на врвните музичари Васил Атанасов на обоа, Кохар Андониан на харфа.

Овој проект е несекојдневен и интересен бидејќи го реализираат познати уметници со меѓународна кариера, кој свират на два стари инструменти – обоата и харфата и опфаќа програма од стара барок музика, преку романтична, филмска, се до нова музика, обработки и македонски автори. Публиката ќе има можност да проследи два архаични инструменти кои многу одамна не се видени на нашата концертна сцена и ќе упати убава порака до младите таленти дека музичката уметност е магична и допадлива! Очекуваме одлична посетеност заради квалитетот на уметниците кои се познати во своите земји и пошироко, убава и избрана програма, и допадлива изведба за публиката од различни генерации.

🗓15.11.2022 ⏲️19:19 ч

📍Салон 19:19

░П░р░о░г░р░а░м░а░

• Аnonimus: Green sleeves

• Bach-Gounod: Ave Marija

• Anonimus: Lowe romance

• К.Salzedo: Song of the night

• B.Andre: Algues: 5 pieces for oboe and harp

• Е.Sattie: Gnoissenne 1

• B.Andres: Epices-Muscade,Pistashe,Cannela

• J.Jerman: Pastorales

(arr.V.Atanasov)

• Kалеш Анѓа: Народна

(arr.Vasil Atanasov)

• J.Rodrigo: Adagio from guitar Concerto”Aranjuez”

(arr. Atanasov – K.Andoniyan)

• J.Tomas: Minestreli

• A.Haselmans: Serenade melanholy

• A.L.Webber: Memory

(arr. Atanasov – Andonyan)

• Васил Атанасов В`чев: Песна и игра

(Премиерна изведба)

НЕМА КОМЕНТАРИ