Меѓународната групна изложба „Уметнички состав“ e авторски проект на тројца уметници, Наташа Будимлија Крстиќ, Алина Гадомски Тодоровиќ и Милица Савиќ, истата беше поставена во белградскиот меморијален музеј „Куќата на кралот Петар Први Караџорцевиќ “, каде љубителите на уметноста можеа да уживаат во делата на 95 уметници од 11 земји во светот (Србија, САД, Австралија, Велика Британија, Белгија, Шпанија, Германија, Грција, Северна Македонија, Бугарија, Босна и Херцеговина).

На изложбата, покрај еминентни уметници од Србија и светски познати  наградени мајстори уметници, учествуваше и нашата сликарка Љубица Мешкова-Солаковска и Димитар Солаковски, познати по својата арт-галерија со која и даваат на македонската уметност сјај на нешто ретко и скапцено како за градот Битола така и за Македонија.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ