Марина Убавкова — архитект по професија и академска сликарка, отсекогаш знаела дека уметноста ќе биде приоритет низ нејзиниот животен пат. Зад себе има реализирано многубројни како самостојни така и групни изложби, а нејзината најнова изложба е најавена за 18.11.2022 со почеток во 19.30 часот во просториите на Домот на Културата ‘Иван Мазов – Климе’ во Кавадарци. Уметноста е нејзината состојба на медитација, која ја предизвикува да остане верна на себе, никогаш не отфрлајќи ја сопствената љубопитност и веселост, како и отвореноста за нови искуства и знаења.

“Откако знам за себе, создавам цртежи и слики. Уметноста отсекогаш била дел од мојот живот. За време на моето средно образование се занимавав со сликарство, потоа ги продолжив студиите на Архитектонскиот факултет во Скопје, и за време на студиите паралелно се занимавав со уметност. Кога ги завршив студиите по Архитектура, продолжив со моите втори студии од областа на ликовната уметност, ја сакам уметноста и сфатив дека сакам да бидам професионален уметник. Ја сакам мојата професија како архитект, но сепак и да треба повторно да направам избор, ќе го направам истиот”.

Марина Убавкова 

Автопортрет ?

Дивианартс: Марина, Вие сте некој кој и покрај вашето образование на Архитектонскиот факултет решивте љубовта кон сликањето успешно да ја претворите во ваша професија. Дали  паметите кога решивте дека уметноста ќе биде вашата вистински животна определба.

– Желбата и внатрешниот порив за креирање и создавање уметност никогаш не згаснаа, само сега преку делата се докажува дека не погрешив во одлуката. Уметноста секогаш беше дел од мојот живот и одсекогаш знаев дека морам да го направам тоа.

Дивианартс: Колку и како се вклопува рационалниот и прагматичен аспект во гледиштето на сликарството со оглед на вашиот професионален повик како архитект, кој сте го стекнале за време на студирањето. Дали е во склад со уметноста која знаеме дека често се води од интуиција и емоциите.

Апсолутно архитектурата и уметноста се многу блиски, за време на студиите по архитектура стекнав дисциплина и педантност во работењето што многу ги сакам како дел од мене.

Дивианартс: Вашиот богат творечки опус опфаќа широка палета на уметнички творби, како изработка на мозаици, фрескосликарство, создавате накит од филигран, но сепак се чини дека портретното сликарство најмногу ви лежи, барем тоа е мојот впечаток. ? Кажете колку е важно да се има природна надареност да се проникне во психолошкото кај човекот, а се со цел за што поавтентично да се пренесе на сликарското платно.

– Сликањето портрети се случи спонтано. Имав нарачка на портрет да насликам историска личност, и така започнав да истражувам за ликот, за нејзиниот живот. Портретот беше доста успешен, па по него следеа нови порачки на портрети. Едноставно се случи, никогаш не ми било ни на крај памет дека приоритетни ќе ми бидат портретите. Го сакам моментот да се проникне во психологијата на ликот и да се изработи до детаљ.

Дивианартс: Какво е Вашето искуство до професионалниот развој. Дали се сретнавте со луѓе кои ве поддржуваа и споделуваа знаење со вас. Колку е тоа важно, особено на почетокот.

– Учев од моите професори, разменував искуства со колеги и многу истражував и експериментирав и сеуште го практикувам истото. Најважно од сè е да сакате вистински да создавате уметност, и сериозно да се вложувате во тоа.

Дивианартс: Во денешно време фокусот на секојдневието е сведен на економскиот момент, па така и уметниците со своите дела се принудени да се прилагодат на оваа ‘неприродна’ состојба каде уметноста има третман како да е поле за натпревар. Вие сте една од ретките примери која останавте автентични и свои, а сепак прилагодливи. Како го постигнавте тоа. ?

– Никогаш во креативниот процес не дозволувам ниедна криза да се одрази. Сè што имам вложувам во уметноста, и духовно и материјално.

Дивианартс: За крај би ве замолила да им пратите ваша лична порака на младите кои ќе решат да се занимаваат со уметност.

– Уметноста бара цел човек.

Секогаш верниот придружник миленикот на Марина.?‍? Ајк пред нејзиниот автопортрет .

 

Портретно сликарството

Портрет на последниот германски крал Каисер Вилхем II (2021) 

Автор: Марина Убавкова

 

 

 

 

Иконописи

 

Изработки од филигран 

 

Мртва природа 

 

 

Фотографија: Марина Убавкова©️

? Животопис;

Убавкова Марина е родена на 22.09.1987 година во Кавадарци. Средно училиште завршува во Кавадарци во гимназија „Добри Даскалов“. Во 2014г. дипломира на Архитектонскиот факултет во Скопје. Во 2018г. дипломира на Факултетот за Ликовни уметности во Скопје, отсек Сликарство со конзервација и реставрација, и се стекнува со назив Дипломиран сликар со конзервација и реставрација со освоени 264 ЕКТС кредити и среден успех од студиите 9.76. Во 2020 г. магистрира на Архитектонскиот факултет, Скопје. За време на студиите на ФЛУ е стипендист на УКИМ, фондација „Атанас Близнакоф“. Во моментот е на магистерски студии на Факултетот за Ликовни уметности во Скопје. Активно се занимава со архитектура и сликарство, фрескосликарство, иконопис, од кои голем број на уметнички дела се наоѓаат во државата и во странство. Во 2010 г. остварува студиска посета во „Bakehouse Art Complex“- Miami, USA. Од 2015 до 2017г. е член во Совет на млади при Општина Кавадарци. Од 2019г. член е во Друштво на Ликовни уметници на Кавадарци – ДЛУК. Од 2022 г. член е на Друштво на Ликовни уметници на Македонија – ДЛУМ, член е и на “American Portrait Society”и Cecilia Beaux Art Forum.

Од 2017 г. до денес, е надворешен соработник по предметите Ликовно изразување и Пластично обликување при Институтот за заштита на градителското наследство и историја на архитектурата на Архитектонскиот факултет во Скопје.

?? Самостојна изложба:

2020г. „Портрет и личност“, изложбена галерија при Младински Културен Центар, Скопје, Р.С. Македонија.

?? Групни изложби:

2022г. „Годишна изложба“ – ДЛУМ, НГМ–Мала станица, Скопје;

2020г. „Михајлово“ – Дом на култура Иван Мазов-Климе ,Кавадарци;

2019 г. „Учителот и неговите ученици“ – МKЦ, Скопје;

2019г. „Музички медитации со Дино Имери“- музички перфоманс инспириран од делата од изложбата „Учителот и неговите ученици“ Младински културен центар, Скопје;

2019г. „In Situ Art Fair“- Меѓународен саем за уметност, Младински Kултурен Центар, Скопје;

2019г. „ДЛУК“ – Дом на култура Иван Мазов-Климе (изложба на друштво на ликовни уметници од Кавадарци), Кавадарци;

2018 г. „Млади уметници“- Мала станица, Скопје;

2017 г. „Михајлово“ – Дом на култура Иван Мазов, Кавадарци;

2016 г. „Михајлово“ – Дом на култура Иван Мазов, Кавадарци;

2015 г. „Вевчански видувања“ – НЛБ изложбена галерија, Скопје;

2015 г. „Во чест на Ристо Соколов – Сокол“ – Кавадарци;

2015 г. „Михајлово“ – Дом на култура Иван Мазов-Климе, Кавадарци;

2013 г. „За деца Центар Дуга“ –Градска изложбена галерија,Кулен Вакуф,

Босна и Херцеговина;

2010г. „Bakehouse Art Complex“- Miami, USA.

2009 г. „Слики на женската душа“ – Културно – информативен центар-Скопје.

?? Ликовни колонии:

2021г. „Љубанци 2021“- С.Љубанци, Скопје, Р. Македонија;

2020г. „Михајлово“ – Кавадарци, Р. Македонија;

2017 г. „Михајлово“ – Кавадарци, Р. Македонија;

2016 г. „Михајлово“ – Кавадарци, Р.С. Македонија;

2015 г. „Вевчански видувања“ – Вевчани, Р. Македонија;

2015 г. „Во чест на Ристо Соколов – Сокол“ – Кавадарци, Р. Македонија;

2013 г. ,,За деца Центар Дуга”- Кулен, Вакуф БиХ.

 

 

 

 

 

 

 

НЕМА КОМЕНТАРИ