Почувствувајте ја магијата на тангото на 11 ноември заедно со ТАНГО ТРИО и нивните маестрални изведби во Културно-информативниот центар во Скопје во Салон 19:19.

⏲️ ( почеток на концертот 19.19 часот).

Тангото отсекогаш претставувала музичка сензација која најнапред се развила во далечната Аргентина а потоа се преселила на европското копно. Од минатиот век па се до денес тангото ја има препознатливата музичка нота, одликува со впечатливо тонско боење и се поврзува со страста и љубовта. 

ТАНГО ТРИО сосема ги проучува и ги пренесува тајните на танго музиката пред аудиториумот како на концертната сцена така и на подот за танцување и сосема го вовлекува слушателот во танго магијата.

ТАНГО ТРИО во состав Ајхан Куртов – пијано, Филип Петрески – хармоника и Пламенка Трајковска – виолина и Мартина Митревска – вокал(како гостин), ќе подготви музичка програма од танго музиката која припаѓа на класичниот репертоар, музичка програма во стилот на танго традиционал и музичка програма во стилот на танго нуево.

? Програма:

1. A. Piazzolla: „Vuelvo al sur”

2. C. Sarlo: „Bahia blanca”

3. A. Troilo: „Garua”

4. G. Bregovic: „Ausencia”

5. A. Piazzolla: „Oblivion”

6. A. Piazzolla: „Biyuya”

7. A. Villoldo: „El choclo”

8. A. Piazzolla: „Yo soy Maria”

9. A. Piazzolla: „Chiquilin de Bachin”

10. G. Rodriguez: „La Cumparsita”

11. E. Arolas: „Catamarca”

12. R. Galliano: „Tango pour Claude”

13. F. Canaro: „Corazon de oro”

14. A. Piazzolla: „Libertnago”

——————–

Извор: ЈУ Културно-информативен центар 

НЕМА КОМЕНТАРИ