? Годишниот симпозиум на Здружението на ликовни критичари – АИКА Македонија, насловен „Курирање на јавното, курирање на заедничкото“, ќе се одржи на 21-ви октомври (петок) 2022 година, со почеток од 12 часот во Музејот на современа уметност во Скопје.

? Работната сесија на програмата вклучува излагања и дискусија на тема „Курирање на јавното, курирање на заедничкото“, конципирана и модерирана од Владимир Јанчевски. Учесници на симпозиумот се Ивана Мештров и Силва Калчиќ (Хрватска), Маја Ќириќ (Србија), Јане Чаловски, Биљана Тануровска – Ќулавковски и Клелија Живковиќ (Северна Македонија).

?️️??️️ Симпозиумот се организира во партнерска соработка со АИКА Хрватска и Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ и со финансиска и техничка поддршка од AICA International, Министерство за култура и Музеј на современата уметност-Скопје.

♦️Повеќе од три децении откако стана општо прифатено дека историјата конечно заврши, отворајќи ја вратата за униполарен свет за кој се веруваше дека го опфаќа и го вклучува целото човештво, се наоѓаме себеси разочарани и во неизвесна сегашност – веројатно најопасната и најнепријателската средина од Втората светска војна наваму.

♦️ Денес постојано се потсетуваме дека функционалната демократија зависи од јавната сфера – исто така се и практиките на создавање слики, а поконкретно уметностите – кои се нужно дел од она што беше, или сè уште веруваме дека е, неопходен услов sine qua non за размислување на заедничкото.

?‍♂️ Разгледувањето на капитализмот и уништувањето на заедничкото особено во сегашната фаза на неолибералниот капитализам, преку критиката на политиката на заедничкото од различни перспективи, може да создаде нови решенија не само за нашиот економски опстанок, туку и за изградба на свет ослободен од постојните хиерархии и поделби.

? Дефинирањето на заедничкото како споделени добра и знаења на различни групи поврзани со само-организирани движења и отпор, ние целиме кон обновено промислување на самиот поим на јавното/јавноста и заедничкото: како автономни простори од кои може да се предизвикаат постојните угнетувачки хиерархии кои ги контролираат и ги организираат работата и трудот, распределбата на основните ресурси, процесите кои ги искористуваат заедничките добра и го загрозуваат животот на Земјата.

Пред да поставиме кое било друго прашање во врска со улогата на светот на уметноста, должни сме да ги преиспитаме актуелните дебати за тоа што ја сочинува јавноста и заедничкото во плуралистичките демократски општества и нужно да ги поврземе со концептите што ја дефинираат кураторската работа – не толку како хиерархиски структурирано управување, туку како порадикален дехиерархиски фокус на интеграција и грижа.

Примарната функција и потенцијал на кураторските практики е да бидат мост помеѓу уметниците, специфичните локации, места за настани и јавноста, притоа преиспитувајќи ги материјалните и општествените односи.

Имајќи ги предвид различните концепции за јавноста што подразбираат не само движење надвор од институционалниот простор, како што се многу различни интервенции и партиципативни проекти, можеме да откриеме алтернативни модели на интеракција, како во физичкиот така и во виртуелниот простор.

Честопати се чини дека оваа неизбежна борба за заедничкото ја трансформира културната сфера и културните работници во девијантна група, заедница која навистина е последната одбрана во поттикнувањето на критичкото размислување и предизвикувањето на статус квото.Затоа, исто така, ја сметаме за неопходна анализата на стратегиите што се користат за привлекување разновидна публика од различни социоекономски средини и за создавање на основа за дијалог, како и прифаќањето на вакви проекти во прекарни општествени средини и различна публика која е повикана и засегната.

Артикулирањето на идиосинкратичните уметнички јазици за да се пренесе јасна порака, станува алармантни ако се погледне во светлината на мим-војните и кооптирањето на некои уметнички стратегии од страна на ултрадесничарските групи или, пак, авторитарни режими. Спротивставувањето на опасните фундаменталистички националистички идеи за „заедничкото“ кои успеваат да ги поларизираат општествата и да ги мобилизираат масите ширум светот, е од клучно значење. Некои од основните прашања што би сакале да ги поставиме се во врска со улогата на кураторите, нивните мотивации, како и сличностите и разликите помеѓу кураторската работа и различните аспекти на социјалниот инженеринг; традициите на институционалната критика и преклопувањето или бришењето на линијата на кураторското и уметничкото; улогата на технологијата, пристапот до неа и опасностите од алгоритамската индивидуализација и имобилизација.

Во дезинтегрирачкиот пост-глобалистички уметнички свет, ние неуморно и постојано ја нагласуваме важноста од поврзување, мобилизација, градење мрежи и засилување на гласовите на заедниците преку современите кураторски и уметнички практики – во овој случај и поконкретно преку примери и практичари од постјугословенскиот контекст.

Годишниот симпозиум на Здружението на ликовни критичари – АИКА Македонија, насловен „Курирање на јавното, курирање на заедничкото“, ќе се одржи на 21-ви октомври (петок) 2022 година, со почеток од 12 часот во Музејот на современа уметност во Скопје.

Работната сесија на програмата вклучува излагања и дискусија на тема „Курирање на јавното, курирање на заедничкото“, конципирана и модерирана од Vladimir Janchevski. Учесници на симпозиумот се Ивана Мештров и Силва Калчиќ (Хрватска), Маја Ќириќ (Србија), Јане Чаловски, Биљана Тануровска – Ќулавковски и Клелија Живковиќ (Северна Македонија).
Симпозиумот се организира во партнерска соработка со HS AICA – Hrvatska sekcija Međunarodnog udruženja likovnih kritičara и КСП Центар -Јадро / SCS Centar-Jadro и со финансиска и техничка поддршка од AICA International, Министерство за култура / Ministria e Kulturës и Музеј на современата уметност Скопје / Museum of Contemporary Art Skopje.

? ПРОГРАМА НА СИМПОЗИУМОТ:

12.00 – 12.15 Владимир Јанчевски: Воведно обраќање

12.15 – 12.30 Клелија Живковиќ: Дизајн за оживување

12.30 – 12.45 Силва Калчиќ: Примери на проширени кураторски практики во современата уметност

12.45 – 13.00 Јане Чаловски: Македониум: Драматургија на незавршеното

13.00 – 13.15 Биљана Тануровска – Ќулавковски: Вознемирување на сталоженото- Курирање на заедничкото како нарушување на нормативното

13.15 – 13.30 Ивана Мештров: Усогласување, или ритмоаналитички пристап кон децениската колективна и јавна уметничка кураторска практика
13.30 – 13.45 Маја Ќириќ: Курирање (и) NFT

13.45 – 14.00 Дискусија

НЕМА КОМЕНТАРИ