На Генералната конференција на ‘УНЕСКО’ во ноември 2011година, 30 април беше прогласен како „Меѓународен ден на џезот“.

Доблестите на џезот како образовна алатка и истовремено како сила за мир и дијалог во светот има за цел да ја подигне човековата свест за меѓународна комуникација и соработка меѓу народите. 

Многу граѓански организации, поединци, образовни институции и приватни лица се ангажирани во промовирањето на џез музиката, за поттикнување поголемо разбирање не само за музиката,  но и за придонесот што може да се направи за градење на поинклузивни општества.

По 6ти пат во нашиот град ќе се одбележи Меѓународниот ден на џезот, (30 април).

На локација во паркот “Ибни Пајко”, започнувајќи од 14 часот, па се до доцните вечерни часови, ќе можете да уживате во настапите на следните џез артисти:

1. Џоле Грујовски – Resonance
2. Џон Илија Апелгрен & Гордан Спасовски
3. SS Project
4. Off Ground Ensemble
5. Сашо Поповски
6. CuckooRack aka Bopers
7. Тони Китановски

https://facebook.com/events/s/today-its-all-about-jazz-vol6/1086831615380497/

 

 

НЕМА КОМЕНТАРИ