Тешко е да се замисли поважно “сестрано” парче во вашата гардероба од класичниот блејзер. Дури и наједноставниот блејзер може да додаде елеганција на апсолутно секој изглед. Може да биде идеална основа за строг, елегантен деловен костум, како и хармонично да се вклопи во порелаксирани дневни и вечерни излгледи.

Една од главните предности на блејзерите е тоа што можат да се носат во секое време од денот или годината. Во зима, блејзерите може да се комбинираат со фармерки или плетени фустани, а во лето – со свилени фустани или шорцеви.

Ако ги следите трендовите, добро знаете дека оваа сезона модерните блејзери се предимензиониран крој. Без разлика дали ќе се одлучите да ги изберете за канцелариски изглед со панталони или да ги комбинирате со фармерки и патики, резултатот ќе биде исклучително модерен.

Идеални се за преодниот период низ кој поминуваме, бидејќи можат да функционираат и како горна облека во деновите со повисоки температури, но исто така „играат“ важна улога и во слоевитиот начин на облекување кој често го избираме овие денови.

Во оваа категорија се издвојуваат интензивните бои и дефинитивно го заслужуваат вашето внимание.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИн Мемориам: Горан Стефановски
Следна објава‘Музика за душа’ – На 30 април градот ќе пулсира во џез-ритамот
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ