Дизајнерот на ентериери со седиште во Австралија, Грег Натал, сака светли бои и силно верува дека тие имаат моќ да му дадат на просторот чувство на виталност и да влијаат на крајниот резултат.
Неговата естетика е прикажана на извобредно убав начин во една куќа во Австралија, која неодамна сам ја дизајнирал и декорирал. Неверојатно импресивната куќа се наоѓа во областа Мелбурн и се издвојува, меѓу другото, по својот луксуз и неодолив карактер.
Основната нијанса е загасито розева, која дава нота на свежина и прекрасна димензија на целиот простор. Уникатно се поврзува со други тонови, особено со безвременската и елегантна бела боја. Сите делови од куќата докажуваат колку уникатно различни тонови можат да се комбинираат едни со други, како што се ладна сива заедно со земјена беж. Истото важи и за смелата црна, со многу светла нијанса на кафена боја. Забележуваме дека интензитетот се добива благодарение на металните додатоци и особено благодарение на златото во неговата исклучително сјајна верзија. Навистина е импресивен начинот на кој сите бои се спојуваат без воопшто да припаѓаат на иста палета.
Во исто време, мермерните површини стануваат една од причините поради која куќата се смета за толку модерна и во исто време безвременска, давајќи луксузна естетика на местата каде што се поставени. Сепак, не можеме да го пропуштиме фактот дека многу ѕидови се „облечени“ со впечатливи тапети, кои успеваат да направат разлика и да ја подобрат целокупната атмосфера на куќата. Совршената мешавина на класични елементи со модерни референци создава спектакуларна средина, многу инспиративна за секој љубител на ентериери.
Убавата и целосно модерна поставка докажува колку полето на архитектурата еволуирало низ децениите. Погледнете ја галеријата за да откриете повеќе фотографии од овој луксузен дом!