Ви ги откриваме модните дезени кои ќе бидат популарни оваа година, како и неколку начини како да ги интегрирате во вашите ентериери ….Доаѓањето на новата година донесе промени и нови идеи во областа на дизајнот на ентериерите, што нè наведува да ги следиме, создавајќи целосно ажурирана сцена во нашите лични простори.
Оваа година доминираат светлите бои и посебните дезени кои се втиснати на ѕидовите и другите површини од нашите домови. Во модата се уникатни дизајни за сите вкусови и за секој стил на домот, од кои можете да го изберете оној кој најмногу ви одговара. Користете ги за мали површини, создавајќи хармоничен и модерен резултат кој целосно ќе го промени изгледот на вашиот дом. Во галеријата ви ги откриваме најмодерните дезени кои доминираат во областа на дизајнот на ентериериерите.
ШАХОВСКА ТАБЛА Шаховската табла е класичен дезен кој обично го гледаме на подовите и има за цел да ја надгради и промени целата сцена на куќата. Меѓутоа, доколку барате промена за вашиот простор која е подискретна, инвестирајте во завеси или други ткаенини, како и украсни елементи.
ЖИВОТИНСКИ ПРИНТ Колку и да изгледа смело или необично, животинскиот принт доминира дури и во декорацијата и оваа година е идеална да се осмелите за експерименти. Фокусот е главно на принтот од леопард, кој на вашиот простор ќе му даде допир на дивина. Внимавајте да не претерате со животинскиот принт, бидејќи тоа не е ниту модерно ниту пожелно.

КЛАСИЧНИ И ОМИЛЕНИ, ЦВЕТНИ ДЕЗЕНИ

Оваа година тие се поромантични, со помали цветови и повеќе пастелни бои. Подарете му на вашиот дом атмосфера од 60-тите во неговата најмодерна верзија!

ОВОШЈЕ

Следејќи ја сличната филозофија како цвеќињата, овошјето е подеднакво забавен избор за вашиот ентериер оваа година, особено ако барате начин да го направите вашиот дом пооптимистичен со додавање боја и „живот“. Не ги бирајте овие дизајни ако вашите простори се веќе полни со бои, бидејќи крајниот резултат нема да емитува хармонија и дезенот на дизајнот ќе се изгуби.

ГЕОМЕТРИЈА

Друг безвременски дезен е геометрија во секоја форма, за која гледаме дека постои во областа на архитектурата со години. Пруги, точки и комбинација од сето ова можат да создадат сосема модерен амбиент во вашиот дом. Изберете тапети и дополнителни украси на површините и осмелете се да „играте“ со боите. Од друга страна, доколку барате нешто побезбедно, претпочитајте бело и црно, со кое никогаш нема да погрешите.

ТРОПСКИ ДЗЕНИ

Доколку сакате да му дадете на вашиот простор естетика од џунглата, додадете тропски дезени, кои ќе не окупираат оваа година, особено следната пролет и лето. Во однос на бојата, зелената има свое почесно место, како и што очекуваме.. За да дадете поголема димензија, подобрете го конечниот резултат со метални детали, особено златни.

НЕМА КОМЕНТАРИ