Alex P. White успеа своето име да го направи синоним за висока естетика во областа на дизајнирање на ентериери. Уникатен и фокусиран на сето она за што се залага, успева и го дава својот дизајнерски потпис на уникатните архитектонски креации.

Пред неколку месеци тој реновирал прекрасна куќа во Беверли Хилс, сопственост на петчлено семејство. Куќата се состои од три ката и е одличен пример за врвен дизајн. Фокусирајќи се на боите и градежните материјали, декораторот – по разговорот со семејството што ја купило куќата – решил да се префрли на безбедна тактика, со цел да обезбеди хармонија, апсолутна функционалност и секако модерен и во исто време безвременски резултат. Така, целото свое внимание го насочил кон минималистичката декорација и предност и дал на белата, како главна боја, давајќи и модерна димензија со сиви тонови.

Со комбинирање на посебни, смели нијанси, тој создадал фантастичен баланс со неутрални тонови. Во меѓувреме, зачувана е безвременската атмосфера во поглед на архитектурата и покрај избраните „храбри“ нијанси – можеби поради класичната бела која изгледа како совршено платно.

Она што семејството го бараше од дизајнерот од самиот почеток е целосно модерна средина, полна со природни елементи кои стануваат „едно“ со надворешната средина.

Во целиот ентериер има природна светлина што прави просторот да изгледа навистина светол. Ѕидовите и мебелот добиваат уникатна форма благодарение на сончевите зраци, давајќи уникатни бои и „живот“ на секој агол. Уметничките предмети се идеален додаток и додаваат боја и живот и покрај строгоста која генерално го има главниот збор. И покрај тоа што уметноста е протагонист, а модните допири даваат боја и димензија, забележуваме дека чувството на хармонија е силно обезбедено во секој точка, каде и да погледнете.

Што се однесува до другите простории, Алекс П. Вајт се одлучил за подеднакво смели решенија. Гледаме, на пример, дека сината има водечка улога во спалните соби, а овој пат мебелот е во посветли и поладни тонови. На тој начин создал совршени контрасти и воедно идеални баланси меѓу боите и различните стилови во декорацијата.

Куќата сега е „преплавена“ со природна светлина, испушта виталност и се истакнува со својата хармонија. Гледаме дека секој простор има своја приказна, благодарение на уникатните објекти, осветлувањето и симболичните фигури кои ја сочинуваат целата  декорација.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗдрава храна: Лосос со зеленчук печен во рерна
Следна објаваДали чантата “Kenny” на Givenchy ќе биде хит во 2022 година?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ