Изолираната вила, целата во стакло, попозната како „Razor House“, која се наоѓа во Ла Џола, Калифорнија, со прекрасен поглед на целиот океан, од неодамна е во сопственост на поп пејачката Алиша Киз и нејзиното семејство.

Концептот на отворен простор и минималистичкиот внатрешен дизајн е она што доминира во овој дом. Со урбаните уметнички дела, пејачката ѕвезда придонесе за топлата атмосфера во овој стаклен замок.

Иако нејзината вредност првично беше проценета на фантастични 30 милиони долари, Алиша успеа да ја добие за „само“ 20,8 милиони долари. Со 11.545 квадратни метри станбена површина, куќата има 6 спални соби и 6 купатила.

Посебните карактеристики на овој луксузен дом вклучуваат кружна дневна соба, соба со кино и акустички обработени ѕидови и таван, базен со греалки, посебна куќа за гости со две спални соби, како и спа и отворена кујна, сместени на ниво на покривот.

Прилично импресивно нели? Погледнете ја нашата галерија и откријте како изгледа парче рај на земјата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБоја на топло чоколадо: најпосакувна нијанса за оваа есенска сезона
Следна објаваПогледнете ја најскапата рамка на свет вредна 2 милиони долари
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ