Со наслов „Coin Le Bassin aux Nymphéas“, уметничкото дело ќе биде понудено на аукција во Sotheby’s, Њујорк на 16 ноември.

Бидејќи побарувачката за уметничките дела на Клод Моне е сè уште голема, Sotheby’s, претстави голема слика од познатата серија „Водни лилјани“, која ќе биде ставена на аукција овој месец. Делото со наслов „Coin Le Bassin aux Nymphéas“ (1918) ќе се појави на аукција за модерна уметност во Њујорк на 16 ноември, каде доколку се исполнат сите очекувања ќе заработи повеќе од 40 милиони долари.

Моне ги заврши делата во последната деценија од неговиот живот, а многу од делата беа инспирирани од неговата градина во Живерни. „Coin Le Bassin aux Nymphéas“ е дел од серијата слики од доцниот период кои ги достигнаа највисоките аукциски цени во блиското минато. Друго дело од серијата беше продадено на Christie’s аукцијата во 2008 година за 40,9 милиони фунти (80,5 милиони долари во тоа време).

СПОДЕЛИ
Претходна објаваLouis Vuitton: рекламна кампања на најновата верзија на чантата LV Pont 9
Следна објава5 трендови кои владеат оваа есен, а вие веќе ги имате во вашиот гардеробер!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ