Светлa и проsuирно синa, го зазема местото на суптилните нијанси на зелената боја која доминира во 2021 година. Нијансата наречена „светло небо“ е дизајнирана како здив на свеж воздух и небесно син оптимизам во внатрешноста на домот. Сепак, има уште една паметна употреба – ги прави малите простории визуелно поголеми.

Секоја боја има одредена бранова должина. Оваа сина боја има кратка бранова должина – така што изгледа дека е доста далеку од нас. Затоа малиот простор изгледа поголем, бидејќи не можеме да се фокусираме на бојата, како што тоа би го направиле со потоплите тонови (кои имаат подолги бранови должини).

„Светло небо“ како водечка боја беше избрана од тим составен од лидери во дизајнот, модата и експерти за боја. Пред да ја создадат бојата, тие ги разгледаа трендовите, иновациите и настаните од изминатата година што влијаеја на новиот начин на живот и работа.

Сината нијанса е создадена како одговор на речиси две години промени, затворање поради пандемијата и почеста работа од дома.

Дизајнирана е да претставува промена на атмосферата во 2022 година, од која очекуваме поголема слобода и оптимизам.

 

Иако оваа боја е дизајнирана првенствено за да ги покриат вашите sидови, ќе ја искористите на вистински начин ако ги насликате и таваните со неа, а секој поглед нагоре ќе ве натера да изгледате како да гледате во ведро небо.

Ако веќе користиме растенија за да внесеме зеленило во нашиот дом, зошто да не користиме светло сина боја за да внесеме парче од небото?

НЕМА КОМЕНТАРИ