Mango, следејќи го примерот на H&M и Zara, исто така влезе во светот на дизајнот на ентериери.
Првата колекција на Mango Homeware најде инспирација во медитеранското поднебје, но и во начинот на живот.
 Инспирирана од Медитеранот, колекцијата се состои од основни потреби за вашата спална соба, дневна соба и бања. Така да, во колекцијата можете да најдете постелнина, перници, пижами, бањарки …
 Освен што во вашиот дом, со оваа колекција, ќе се чувствувате како да сте некаде на прекрасниот Медитеран, лежите во вашиот кревет со поглед кон морето и дишите свеж морски воздух, ќе придонесете и за зачувување на животната средина затоа што колекцијата е изработени од одржливи материјали.
Ленот и органскиот памук не само што ја штитат околината, туку се и одлични материјали кои се многу пријатни за кожата.
 Колекцијата Mango Homeware е достапна во Хрватска, а „Манго“ веќе најави нова колекција за есента 2021 година, која ќе вклучува производи за кујната и трпезаријата. Целата колекција можете да ја прегледате тука … https://shop.mango.com/hr-en/home
СПОДЕЛИ
Претходна објаваДиор одушеви со новата Диор Голд линија!
Следна објаваОДГОВОРНА ИДНИНА: Модна колекција и виртуелна изложба на учениците од „Партенија Зографски
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ