Продолжувајќи ја својата колекција Objets Nomades која првично беше лансирана минатата година, сега Louis Vuitton слета во Хонг Конг за да организира изложба на неговиот мебел и други парчиња инспирирани од патувањата …

Сместена во зградата Pedder, историска знаменитост на градот, изложбата вклучува широк спектар на дизајни кои го слават  наследството на брендот Louis Vuitton, со детали како класичниот монограм на LV.

Прикажана во разнобоен простор, создадена како дело на архитектонската компанија, NC Design & Architecture, оваа изложба е идеална за љубителите на уметноста и дизајнот, но и за љубителите на брендот LV.

Кога станува збор за најинтересните парчиња, можеме да ги наведеме Zanellato / Bortotto landerne, кои ги придружуваат statement столици, софи, куфери и многу повеќе.

Ателјето Biagetti создаде нова итерација на масата Anemona, додека на овој простор може да се види резултатот од соработката со современиот уметник Wing Shyа, чии фотографии украсуваат бројни sидови.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПастелни одела се тренд!
Следна објава‘Одговорна мода’ со професор Иан Кинг ✯ (Моден викенд Скопје)
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ