Еколошка мода (екомода) или одржлива мода е дел од растечката филозофија за дизајн и тренд на еколошка одржливост, чија цел е да создаде систем кој бесконечно ќе биде поддржан во однос на општествената одговроност и одговорноста на животната средина. Еколошката мода е дел од зголемениот тренд за одржлив дизајн, при што се зема во обзир општественото влијание и влијанието врз животната средина кое го има производот што е направен и произведен, во периодот на неговот времетраење, вклучувајќи го остатоците од јаглерод.
Модата како дел од еко-системот е важна алка за оддржување на истиот. Сите ние сме дел од модниот систем. Како жители на оваа планета имаме можност да придонесиме во позитивна промена. Да бидеш дел од креирањето на облеката и модниот систем е многу инспиративно и креативно. Одржлива мода значи да вложиме труд за создавање на подобри услови за живеење на сите видови на планетата со помош на модата.
Fashion Weekend ја најавува првата серија Одговорна мода – Скопје, со професор Иан Кинг, идејниот творец што стои зад настаните Модни колоквиуми, кои се одржуваат на различни дестинации во светот последната деценија. Негов предмет на интерес е одржливата мода, која во светот веќе добива сè поголемо внимание затоа што друг избор и нема.
На дводневниот вебинар ќе учествуваат многубројни домашни и меѓународни говорници, кои ќе дискутираат и размислуваат за „вредноста“ на занаетите и модата, со акцент на образованието и кариерите за младите, и во поширока смисла, иднината на занаетите и модната индустрија на Балканот.
➳ Што Ви е интересно кај балканскиот дизајн?
➳ Што мислите, дали треба повеќе да се инспирираме од западноевропскиот дизајн за да може да продаваме или треба да го задржиме нашиот балкански идентитет и да го задржиме минатото?
➳ Дали балканските дизајнери ќе се издигнат во блиска иднина? Ова се само некои од прашањата на кои ќе одговара нашиот ценет гостин.

(Превод од англиски-Емили Сапунџија)

Пријавете се за учество за да добиете одговор на сите прашања. Наскоро ќе следи и деталната програма.✔

РЕЗЕРВИРАЈТЕ СИ ГО ДАТУМОТ. (05.05.-06.05).✔

https://fb.watch/4FIYWQh5pj/

 

 

НЕМА КОМЕНТАРИ