Најспектакуларен поглед кон заливот …

Од својата главна позиција во најјужниот дел на ексклузивниот Corinthian Island, ексклузивната италијанска вила гледа кон јахт-клубот и марината. Во далечина, тој нуди панорамски поглед на Сан Франциско, Алкатраз и Ангелските Острови и иконичниот мост Голден Гејт.

Орнаментално леаните железни порти се отвораат кон паркингот лоциран пред жолтата фасада на вилата.

Нудејќи долче вита стил и романтика на италијанска вила од дваесеттите години на минатиот век, резиденцијата, чија површина е околу 630 квадратни метри, датира од 2002 година.

 

Еден богат мексикански претприемач, Хавиер Бурило, сопственик на Grupo Televisо, го купил овој имот кон крајот на 90-тите години на минатиот век, срушил сè и поминал две години создавајќи го ова ремек-дело.

Според наводите, тој го ангажирал познатиот архитект Нунси Десантис да го дизајнира домот – вистинскиот предизвик бил максимално да се искористи целиот расположив простор на триаголната парцела.

И покрај компактноста на имотот на кој се наоѓа, Десантис дизајнираше дом на кој не му недостасува приватност, паркинг и удобности – тука можете дури и да уживате во голфот.

СПОДЕЛИ
Претходна објава4 ефектни начини како да носите бели фармерки оваа пролет!
Следна објаваЧевлите со отворена пета мора да ги имате секоја пролет!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ