Повик за детски уметнички дела инспирирани од Струга

 

 

Иницијативата наречена „Награда за чиста Струга“ започна соработка со Ателје Нестор (локален уметник и ликовен предавач Милко Нестор, за започнување со месечен ликовен натпревар за деца. Оваа соработка има за цел да ги охрабри и инспирира децата да го ценат и да се грижат за нивниот град, бидејќи децата се иднината на ова општество.

Деца од 6 до 15 години се добредојдени да поднесат слики и цртежи инспирирани од некој убав предел во Струга што нив им се допаѓа.

На сите деца кои учествуваат, од иницијативата „Награда за чиста Струга“ ќе им биде доделен сертификат, а две од нив ќе бидат избрани за доделување на награда и репродукција на нивните дела во форма на разгледница. Двете избрани деца ќе бидат: едно на возраст од 6 до 10 години, а друго од 11 до 15 години.

Во склоп на оваа соработка во план е да се организира изложба во декември 2021 со сите поднесени дела.

 

➠➠➠ Како да учестувате:

➠➠➠ Делата можат да бидат изработени во било која големина и техника ( цртеж, со молив или со боја.

• Напишете цело име и презиме, како и број за контакт (од родител) покрај делото кое се поднесува.

• За месец март, а исто и за следните месеци, делата треба да бидат донесени пред 20-ти од секој месец во Ателје Нестор кое се наоѓа на вториот кат од градскиот пазар во Струга.

• Пред доставување на делото, учеството да се пријави преку порака на Фејсбук страната:

https://www.facebook.com/milkonestor

• Секое дете може да поднесе само едно дело месечно, но истото дете може да учествува повторно во наредните месеци.

Сите деца ќе можат да си ги подигнат делата после изложбата во Декември 2021.
За дополни прашања обратете се на истата Фејсбук странa:

   ➜ Лида и Милко со своите ученици.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ