За да може куќа или стан да стане ваш дом, во кој се чувствувате пријатно, сигурно, безбедно и „дома“, мора да му дадете одредена доза на карактер … 

По невообичаена 2020 година, 2021 година се очекува да биде поотворена и опуштена, исполнета со радост, декаденција, прослави и забави. Тогаш, зошто вашиот дом не би ги отсликувал токму тие вредности?

Иако луксузната декорација не е нешто што е многу прифатливо, поборниците на елегантниот стил велат дека тоа е совршено исплатлива инвестиција бидејќи ќе биде долготрајна, задржувајќи ја својата убавина и во наредните години.

Сепак, дури и да ги купите најскапите парчиња достапни на пазарот, нивната убавина ќе згасне доколку не ги комбинирате на вистински начин.

Во нашата галерија можете да ги видите главните трендови кои ќе ја одбележат годината што штотуку ја започнавме.

Без оглед на површината на вашиот стан или куќа, конфигурацијата и распоредот на просториите, нивниот број и димензии, факт е дека не можете да се чувствувате добро во средина која не е во согласност со вашиот стил и желби.

Ако е така, тогаш дефинитивно ви е јасно и очигледно како декорацијата може да го промени амбиентот на просторот.

Дали кога за прв пат стапнавте во ентериерот на вашиот стан или куќа, веднаш знаевте кои бои на sидовите сакате да ги видите, каде ќе ја поставите вашата колекција на книги, омилената фотеља за читање  или семејните фотографии?

Уметничко дело “Сонување” – Михаил Корубин

Аксесоари и уметнички дела

Рамки за слики, ламби и други додатоци се споменуваат во секој тренд за внатрешно уредување, но кога станува збор за луксузен стил, тие мора да добијат свои индивидуални пет минути на слава. Вистинските слики во рафинирани рамки се совршена опција за украсување, кои можат да се истакнат со скулптури и ламби, теписи и други детали.

Комбинации

Комбинирање на неколку трендови во декорацијата, луксузен текстил, бои и украсен мебел може да создаде вистински луксузен изглед. Треба само да ја пронајдете вистинската мерка во согласност со просторот што го имате, за да не претерате и да создадете амбиент преполн, кој не може да дише и во кој ниту едно парче не може да блесне со својот полн сјај.

Ако е така, тогаш дефинитивно ви е јасно и очигледно како декорацијата може да го промени амбиентот на просторот.

НЕМА КОМЕНТАРИ