Саудиска Арабија е една од најмагичните дестинации на нашата планета, а човекот кој дефинитивно тоа го знае е нејзиниот крунисан принц, Мохамед бин Салман …

Тој одлучил да му даде шанса на целиот свет да ја истражува Саудиска Арабија, лансирајќи го Coral Bloom, амбициозен проект лоциран во Црвеното Море.

Ангажирано е британското архитектонско студио, Foster + Partners, за дизајнирање на одржлив проект кој се карактеризира со изобилство на природна средина. За нас, станува очигледно дека Саудиска Арабија сака да се претстави како главна туристичка дестинација во иднина.

Врвното одмаралиште и хотел под пустината Ал-Ула сведочи дека, придружувано од визионерскиот план на Coral Bloom, ќе ја заштити и подобри недопрената природна состојба на Шурајра. Проектот ќе биде дело на Red Sea Development.

Како што дознаваме, самиот проект ќе користи 28.000 квадратни километри земја и вода долж западниот брег на Саудиска Арабија, вклучувајќи огромен архипелаг со повеќе од 90 нови острови. Покрај тоа, тој ќе им понуди девет спектакуларни искуства на своите гости, како што се Dunes, The Trail, The Coves, Coral Pavilion, Reef Villas, Nature Reserve, The Club, Golf Course и Luxury Village.

Хотелот е квалитетно дизајниран и инспириран од природната флора и фауна на Саудиска Арабија, додека сите одморалишта ќе бидат креирани со употреба на лесни материјали со мала термичка маса, кои ќе бидат произведени на самото место, што ќе помогне да се постигне енергетски ефикасна конструкција и помалку влијание врз животната средина.

Жерар Евенден, директор на студиото Фостер + Партнери, изјави: „Нашата визија за проектот Шураја е инспирирана од природната состојба на работите, хотели кои се дизајнирани и се однесуваат како океанот да ги донел таму и ги сместил меѓу песочните дини.”

Кога ќе биде комплетиран, овој проект ќе се состои од педесет одмаралишта, кои нудат 8.000 хотелски соби и околу 1.300 станбени објекти низ 22 острови. Спектакуларната туристичка дестинација ќе ги отвори вратите кон крајот на 2022 година, што исто така ќе се совпадне со отворањето на меѓународниот аеродром и првите четири хотели.

Другите хотели од првата фаза ќе бидат отворени во 2023 година.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБели чорапи како дел од трендовскиот пролетен стил!
Следна објаваБелите плетени џемпери додаваат доза на луксуз на вашата облека!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ