Пред Гвинет Палтроу да го лансира својот велнес бренд Goop, таа беше позната како актерка која остави свој белег во бројни филмови …

Сепак, пред сето тоа, таа живееше во куќа во њујоркшкиот Апер Ист Сајд со нејзините родители, а токму тој дом сега е на пазарот, со цена од 15,5 милиони долари. Според јавно достапните информации, филмскиот продуцент и режисер Брус Палтроу и актерката добитничка на ЕМИ, Блајт Данер, ја поседувале куќата од 1984 до 1992 година, за време на тинејџерските години на Гвинет, кога таа одела во учичиштето Спенс, приватна академија за девојчиња, која се наоѓа веднаш зад аголот.

Овој дом, кој има пет ката и околу 700 квадратни метри, има прилично традиционален ренесансен стил. Изграден е во 1890 година од архитектот Валтер Рид јуниор, а неговата локација, барем во тоа време, била навистина скапа.

Сите куќи во близината се пониски, така што тие не го попречуваат погледот низ гломазните прозорци на тинејџерскиот дом на Гвинет, дозволувајќи изобилство природна светлина да продре внатре.

Внимателно се зачувани бројни оригинални детали на оваа зграда, вклучително и шест функционални камини. Исто така постои и градина во близина на главното лоби, која е идеална за организирање забави. Трпезаријата и дневната се наоѓаат на вториот кат.

Што се однесува до познатата актерка, во еден момент таа го напуштила својот дом и започнала да студира на Универзитетот Калифорнија во Санта Барбара, за подоцна да го напушти со цел да се занимава со глума. Сепак, таа не се откажа целосно од Њујорк. Својот стан во Трибека го продаде пред четири години, додека сè уште има дом во познатото одморалиште Хемптонс.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваBurberry со нова колекција за есен 2021 година!
Следна објаваНајбараната чанта за 2021 година
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ