Култниот моден детал на Prada веќе станува дел од секој стајлинг во 2021 година.

Prada отсекогаш бил бренд што успеал да привлече многу обожаватели без преголеми инвестиции во маркетингот, исклучиво заради неспорно добриот дизајн. Она што Prada го направи во последните две години е доказ дека тие многу добро знаат што прават. Издадоа своја, секако подостапна верзија со елегантен ‘hobo’ дизајн со флуидна форма и со препознатлив „триаголник“ на марката, изработена од кожа.

Чантата Cleo на Prada, ќе се најде на списокот со желби на секоја љубителка на модата. Тоа е минималистичко парче кое секогаш ќе биде класика која им се спротивставува на сезоните и трендовите. Чантата Cleo штотуку се распродаде на неколку големи платформи за купување.

Чантата доаѓа во неколку бои, од класична сина боја до црно-бела, во пастелни нијанси како зелена фстак и ‘розова бебешка’.

Сепак, веројатно највпечатливиот модел е оној во сребрена металик боја создадена за сите девојки со смел стил кои не се плашат да експериментираат.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСе продава луксузната куќа во која порасна Гвинет Палтроу!
Следна објаваПрошетка во парк: Дигитална кампања на Гучи со Алекса Чанг!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ