Дизајнерот на ентериери Peter Marin е автор на проектот за реновираната Louis Vuitton продавница на Bond Street во Лондон.

Тој користел уметнички дела од Tracey Emin и браќата Campana за декорирање на ентериерот. Продавницата доминира меѓу луксузните бутици во богатиот кварт Mayfair во западен Лондон. За 14 месеци, Peter Marin реализирал проект со многу светла и мебел, за кој вели дека „предизвикува среќа без чувство на заплашување“.

„Работам со Луј Витон од 1994. година и оттогаш далеку отидовме од кафеното дрво што го користевме на почетокот“, вели Marino и додава: „Дојде до вистинска еволуција кон нешто полесно, појасно и се осмелувам да кажам посреќно“.

Внатрешноста на продавницата сега се состои од неколку пространи простории со двојна висина. Секоја од нив е украсена со уметнички дела, како успешен обид на авторот да ја внесе атмосферата на излогот во внатрешноста на продавницата.

„Волуменски, сакавме да го прошириме постоечкиот простор. Откривме дека луѓето реагираат позитивно на големи простори, сакајќи да поминат подолг временски период во нив“, објаснува Marino.

„Просториите се толку големи што навистина овозможуваат да се почитуваат и уметноста и модната марка во ист простор“.

На еден ѕид во приземјето – кој во најголем дел е посветено на женска облека – се наоѓа слика на американската уметница Sarа Krouner. Перфорирани лежалки во форма на јајце, дизајнирани од браќата Campana, се спуштаат од плафонот. Дел на ѕидот е украсен со едноставна неонска скулптура во форма на срце од уметницата Tracey Emin, на која е испишано „љубов е она што го посакувате“.

Завиените скали направени од дабово дрво им овозможуваат на купувачите движење на два од четирите ката на продавницата. Тотемскиот столб на Matt Gagnon, кој се состои од осветлени дискови се протега низ централниот дел на скалите, додека портокалова спирална скулптура на њујоршкиот уметник Josh Sperling поставена е на ѕидот на скалите.

Споредните скали, кои шкотскиот уметник Jim Lambie речиси целосно ги прекрил со шарени ленти, водат на вториот кат. Тамо се сместени три апартмани за приватно купување.

Во излогот е направена ѕвездена структура со виолетова боја која се протега преку сите три дела на предната фасада на продавницата, прошарана со цвеќиња и LV букви кои го сочинуваат логото на брендот со потписот.

За Louis Vuitton, се создаваат дизајн и архитектура, покрај кои никој не може да остане рамнодушен. А дали архитектите и уметниците успеале да „предизвикаат среќа без чувство на заплашеност“, со тек на време ќе видиме дали реновирањето на продавниците во светските метрополи ќе продолжи во овој манир.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајскапи празнични украси на светот!
Следна објаваЦрн фустан + црвен кармин: празничен изглед на Наталија Водијанова!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ