Кога би ја доделиле наградата за најфотогенично и најпосакувано растение, пампасите ќе победеа без размислување.

Социјалните мрежи секако придонесоа за неговата популарност, така што скоро нема агол во станот каде не можете да ги видите неговите пристојни гранчиња во боја на песок, кои како такви совршено се вклопуваат во речиси секој ентериер!

Можеме да кажеме дека пампасите се толку разноврсно растение кое совршено се вклопува во секој стил, од модерно дизајниран мебел до vintage мебелот, а можете да го комбинирате со други цвеќиња за да создадете разни интересни аранжмани.

Љубителите на минимализмот ќе се одлучат за едноставна декорација на пампаси во вазна, што исто така изгледа одлично. Исто така ова е растение кое совршено се вклопува во сите сезони, а оваа сезона го најде своето силно место во создавањето празнична атмосфера.

Многумина се решија да ги изработат своите венци, разни празнични украси, па дури и на боровите дрвја додаваат детали од пампас, што и дава на новогодишната декорација нова, елегантна димензија.

Ви претставуваме неколку идеи за создавање уникатни божиќни лампиони кои ќе се вклопат вашата новогодишна декорација.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваAlexander McQueen: паф ракави, тексас и кожа!
Следна објаваСовршени чанти на Louis Vuitton за секој ден!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ