Сезоната на празници официјално пристигна, а брендот Piaget додаде голема доза на гламур …

Поточно, Mandarin Oriental Jumeira, Дубаи и Piaget ги здружија силите за да ја создадат уникатната новогодишна елка лоцирана на надворешната тераса на хотелот, која би сакале да ја видиме додека се збогуваме со оваа тешка 2020 година.

Елката висока шест метри претставува традиционален квалитет на изработка на брендот Piaget, со елементи на хотелската компанија „Mandarin Oriental“, заедно со современиот пристап. Коментирајќи за ова златно чудо, Кристоф Бури, директор на High Jewellery & Exceptional Pieces од брендот Piaget, рече:

„Задоволство ни е што соработувавме со брендот Mandarin Oriental по овој уникатен повод. Со оваа златна новогодишна елка, сакаме да му покажеме на Дубаи која е суштината на брендот Piaget: уникатен квалитет на изработка, неверојатни креации и вистинско чувство за споделување на празничниот дух. Се надеваме дека оваа прекрасна празнична соработка ќе донесе радост и среќа на секој од вас! “.

Покрај исклучителната новогодишна елка, хотелот Mandarin Oriental Jumeira ќе понуди специјални менија за Бадник и Божиќ на 24 и 25 декември, во нивните обожавани ресторани.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајубави луксузни новогодишни украси за 2021 година!
Следна објаваСе отвора изложбата „Сета љубов“ во МСУ со светски познати уметници
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ