Модната куќа Диор даде дополнителна доза на магија за Божиќ, со колекцијата инспирирана од традиционалните лампиони Luminarie, кои беа и позадина на ревијата на Диор Круз 2021 во Пуља, Италија.

Преку модната ревија „Cruise 2021“, куќата Диор отпатува во Пуља, со традиционалните лампиони создадени специјално за таа пригода од уметницата Маринела Сенаторе.

Овој детаљ, стана основа на Диор за неговата празнична колекција на уметнички дела, која нè прави расположени да избегаме во дестинациите од бајките.

Впечатливите модели се дизајнирани од Марија Грација Кјури и се отпечатени на садови, послужавници и садови за сервирање. Како последен детаљ, креативната директорка го додаде својот потпис на рачно насликаните дрвени украси, свеќи и честитки.

Божиќ е магија, дури и во извонредно тешко време низ кое минуваме.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСовршени зимски влечки за празничните денови дома!
Следна објаваМакси фустани за зима!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ