Покрај кујната, која е централно срце на секој дом околу која се собираа целото семејства, трпезариите играат подеднакво важна улога …

Во нив, ние поминуваме пријатно време со нашите најблиски, семејствотото и пријателите, споделуваме важни и убави моменти и славиме важни настани.

Сезоната на празници е практично незамислива без празничен оброк во трпезаријата, поради што во овој период од годината, посебно внимание посветуваме на нејзиниот амбиент.

Стилот на трпезаријата многу се промени во изминатите децении, преминувајќи од обичен и сосема функционален во оној, кој всушност прерасна во амбиент во кој сакаме да уживаме секој ден. Кога имате убаво средена трпезарија, едноставно немате желба да јадете нешто на брзина и од нога, туку секој оброк се претвора во уникатно искуство, во кое се обидувате да уживате што е можно подолго.

Бројни брендови во светот на мебелот даваат се од себе на креативни начини да ни понудат парчиња кои ќе ги направат нашите трпезарии беспрекорни. Трпезаријата Керван, потпишана од Алесандро Ла Спада, е мешавина од неочекувани геометрии, со главните површини креирани од мермерни плочи Антолини во варијанти на Црна и Златна боја. Мермерот е третира со завршница Azerocare, кој го прави целосно водоотпорен.

Rock Ceiling лустерот е дефиниран од дизајнерот како терапевтско парче. Парчиња оникс делуваат како мали ледени гребени кои лебдат во воздухот со помош на зрак светлина од необичниот шаблон. LED модулите анимираат природен камен, осветлувајќи го целиот амбиент со чувство на спокојство.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодни парчиња на попуст од Манго во кои треба да се инвестира!
Следна објаваReplay омилени парчиња за во зимските денови
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ