Фотоизложбата „Носталгија втор дел“ на фотографот Коста Дупчинов,  во чиј фокус се старите занаети, од денеска е отворена и виртуелно. 

На изложбата се презентирани 34 фотографии оригинално испечатени на фото платно. Колекцијата на фотографии е составена од моменти и емоции доловени преку уметничка фотографија. Портрети на херои на едно време, занаетчии и нивните дела. Додека нивното време минува, нивните дела и занаети остануваат безвременски, со носталгичен став гледаат кон минатото. Овие занаети се инструментални за многу заедници низ историјата, а услугата што им ја прават на луѓето е немерлива, но за жал, умира во нашиот современ свет. Овие портрети зборуваат токму за тие занаетчии, фатени во околината на работата на нивните животи. Единствените занаети за кои ги поминале нивните животи сега стануваат минато, со моќно чувство на носталгија што нè тера да сакаме овие занаети никогаш да не завршат.

Фотографиите во живо беа презентирани во Кинотеката на Северна Македонија минатата недела и во Битола. 

Проектот е поддржан од Министерство за култура на РС Македонија, а го реализира Узенгија Скопје. Во рамките на проектот беше одржано и онлајн предавање на Дупчинов за документарна фотографија. 

Виртуелнатa изложбата е достапна на следниот линк: https://www.artsteps.com/view/5fb5815e9a5c7230869560fe

Коста Дупчинов е роден во 1985 година во Битола, каде живее и работи. Дипломира на Технички Факултет Битола на отсек Информатика и Компјутерска Технологија. Трета година на постдипломските студии на ЈНУ Институт за Филм, Филмска академија Охрид, отсек Кинематографија. Неговата љубов за фотографија започна од најрана возраст, инспириран од неговиот дедо кој често го гледаше како фотографира и развива фотографии. Професионално се занимава со фотографија од 2006 година, како фотограф во фото студио во Битола, а исто така во тој период работи и како камерман за националната телевизија Канал5. Во 2011 како еден од основачите на Фото Кино Клуб Битола започнува со учества на меѓународни и државни изложби. Има учествувано на повеќе од 70 изложби каде има освоено околу 20 награди и признанија. Неколку години неговите фотографии се дел од колекцијата која ја претставува Македонија на ФИАП Светскиот куп на фотографија.

Неговата прва самостојна изложба „Носталгија“ во 2017 беше изложена во неколку

градови во Македонија и беше дел од неколку филмски фестивали, а исто така како

дигитална презентација во неколку земји во светот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТрет конкурс за годишната стрип награда „Лифт“
Следна објаваHendrick’s High Wheel – најинтересен домашен велосипед!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ