Издавачката куќа ТЕМПЛУМ годинава, 2020, трет пат го распишува конкурсот за наградата „Лифт“, за македонски стрип. Наградата „Лифт“ се доделува еднаш годишно

Право да конкурираат за наградата имаат сите граѓан(к)и на Република Северна Македонија кои ќе ни испратат сопствени досега необјавувани авторски стрипови, до 16 табли (или страници). Значи, почитувани автор(к)и, можете да ни испраќате и стрипови од една или две страници, но не повеќе од 16.

„Лифт“, инаку, беше име на списанието за стрип кое излегуваше од 1996 до 2001 година, а денес е име и на угледна графичка едиција.

Целта на наградата е да ги промовира и афирмира овдешните стрип автор(к)и, но и да го унапредува стрипот како (кај нас запоставен) медиум. Втора важна цел е да придонесеме за развојот на македонската културна сцена и во поширока смисла, промовирајќи нови креативни актери, нови културни настани, поинакви пристапи и стилови на полето на културата – со што сакаме да придонесеме за плурализацијата и шаренилото на овдешниот недоволно развиен културен простор.

Наградниот фонд изнесува 500 евра, но во книги и стрипови. Фондот со свои изданија го обезбедија Темплум (400 евра) и Бункер (100 евра).

Предвидени се три награди: од 250, 150 и 100 евра. Најдобро оцененетите автор(к)и за таа сума ќе добијат изданија, по сопствен избор, на книгоиздателството „Темплум“ и на издавачот на стрипови „Бункер“.

Ќе се потрудиме да организираме и изложба и печатење на најдобро оценетите дела.

Стриповите треба да ни ги испраќате, скенирани, по електронска пошта, до 31 декември 2020 година, на следнава адреса: stripnagradalift@gmail.com

Доделувањето на наградата ќе се случи во јануари 2021 година.

Мејл за контактирање: stripnagradalift@gmail.com

НЕМА КОМЕНТАРИ