На 25ти овој месец се одбележува Светскиот Ден на Операта. 

На наша особена чест и задоволство примадоната ѓ-га Весна Гиновска-Илкова, најзначајната фигура на современата македонска опера испрати порака до сите читатели и љубители на операта.

Г-ѓа Весна, уште еднаш ви благодарам за вашето одвоено време, повелете, која е вашата порака до сите поддржувачи и вљубеници во оперската уметност.

Живееме во време светска пандемија, кога новата ситуација го ограничи поросторот за делување на уметникот. Светските театри се преориентирани или на концертни оперски изведби, или онлајн емитувања, што отвара една нова врата за промоција, но секако љубителите на уметност се оневозможени да присуствуваат. Многу театри ги затворија своите сезони однапред за наредната година. Состојбата на карантинот за многу уметници во светот допринесе за пренасочувања во други области.
Операта е најкомплексна музичко сценска форма на изразување.Се вмрежуваат повеќе изрази; пеачки,технички , драмски. Исклучиво тимска работа помеѓу режисер, диригент, солисти, оркестар и хор. Да се биде на сцената е привилегија во секоја смисла. Да се изведуваат оперите од железниот репертоар е привилегија за секој еден театар.

НЕМА КОМЕНТАРИ