Наоми Кембел во интервјуто за Вог проговори за своето искуство со расизмот.
Модната икона Наоми Кембел, која стана првата црна жена која се најде на насловната страница на француски Вог во 1988 година, зборуваше за нејзината повеќедецениска кариера.

Во интервјуто за претстојното ноемвриско издание, супермоделот зборува за своето искуство и застапувањето на црните модели.

„Никогаш не го кажав зборот расизам; едноставно говорев, тоа е територијализам“, рече таа. “Никогаш не сакав луѓето да кажат дека тоа го користев како изговор, дека го кажував тој збор. Сега сум среќна што сите се на иста страна, што секој се чувствува пријатно да ги споделува своите искуства без да чувствува никаква стигма. Но, за мене ништо не се смени „Ќе зборувам на ист начин.”

Кембел исто така го објасни заморот што го чувствува поради изразот „лута црнка“.

„Јас завршив со тоа“, рече таа. “Дали сега добивме дозвола за разговор? Па, јас секогаш зборував”.

Таа продолжува: “Имаше неколку работи кои сакав да ги направам кога бев помлада, но ми рекоа дека се лоши за мојот народ … Сега работите кои ги правам не се веќе само за мене. Повеќе мислам на својата култура и на својата раса, за разлика од размислувањата само за мене “.

Таа зборува и за фактот дека сè уште е погрешно разбрана, посебно повикувајќи ги британските медиуми.”

„Тие не научија како да не бидат расисти, точка! Повеќе сакам расизмот да ми е пред лице и да знам со што имам работа, отколку да го потиснувам. Ја почитувам земјата во која сум родена,  но мора да се  справиме со тоа. Нема повеќе тоа да го оставам настрана“.

Кембел зборува и за својата визија за иднината.
„Мислам дека како генерација, како целина, треба да добиеме компензација за нашата култура, за тоа низ што поминавме. „Апсолутно верувам дека ќе го постигнеме позитивниот исход кој го заслужуваме“, рече таа. Но, ние треба да ја завршиме нашата работа и да бидеме сигурни дека целта сме ја постигнале.”

Таа исто така најави што доаѓа во нејзината иднина: мемоари.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМакедонската примадона Весна Гиновска Илкова за Светскиот Ден на Операта- (25ти okтомври)
Следна објаваТорбите со реси се главниот хит на есенската сезона!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ