Ресите се еден од главните трендови во колекциите на дизајнерите за есен / зима 2020/2021.

Тие се појавија на кожни јакни, панталони, плетени фустани, женски здолништа, блузи, чизми и секаков вид модни додатоци. Дизајнерите покажаа посебен интерес за овој каубојски елемент како украс на чантите.

Инспирирани од боемската естетика, торбите со реси се достапни оваа сезона во сите варијанти кои одговараат на секој вкус и боја – од клач до класични модели.

Sвездите на уличниот стил исто така многу ги сакаат чантите со реси. Девојките на Модните недели во Париз и Милано покажаа десетици нови начини како да го носат овој додаток. Тие ги комбинираа чантите со ватирани јакни, опуштени панталони, кожни јакни и плетени фустани. Некои девојки чантите со реси ги користеа како светли акценти во монохроматски изглед или се одлучија за додаток кој одговара на нивната горна облека.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИнтервју: Супер моделот Наоми Кембел во ноемврското издание на Вог!
Следна објаваЗдравје: 3 пијалоци со кои ќе заборавите на дигестивните проблеми
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ