Иако се чини дека светот се враќа малку по малку во ”нормалните” текови на живеење и дејствување, (што тоа и да значи), сепак културните институции како што се театрите, кината и музеите не веќе местата какви што ги паметиме од пред светската ковид пандемија.
Светските театри во голем број ги преориентираа своите содржини онлајн. Состојбата на карантин во која се најде светот ги оневозможи љубителите на уметноста да ги посетуваат културните институции, и ги принуди истите да ги емитуваат своите програми преку нови формати и онлајн опции.  Екипата на Македонскиот центар на Интернационален театарски институт/ПРОДУКЦИЈА на чело со Др. Иванка Апостолова Баскар и покрај новонастанатата ситација продолжи со несмалена старст кон уметноста да работи со полна пареа успешно прилагодувајќи ја својата програма емитувајќи ја во нови онлајн форми на презентирање.
 
 ——————————————————————————————–
Од 2019 г. во рамките на програмата на мрежата на ИТИ УНЕСКО и Македонскиот центар на Интернационален театарски институт започна да се одбележува Меѓународниот ден на операта – 25 октомври, колаборативна придобивка од соработките со меѓународните институции и мрежи Опера Вижн и Опера Европа.
Во 2019 денот на операта го посветивме на ко-основачот на македонската опера Ловро фон Матачиќ/Lovro Von Matacic – композитор, диригент.
Во 2020, членовите на опера бордот на нашиот Центар, во состав: Оливер Балабурски – диригент, Кристина Пешева Диновска – пијанист, корепетитор и Дејан Прошев – режисер на опери, го избраа Г. Љубомир Бранѓолица – композитор, за автор на македонската порака по повод Меѓународниот ден на операта (25.10.2020).
Видео пораката на Јутуб ја чита Кристина Пешева Диновска, ко-автор, уредник и координатор (македонска/англиска верзија).
Повеќе текстовни информации, кредитирани фотографии за натамошна објава, пораката на Г. Бранѓолица (мк/анг), како и неговата биографија (мк/анг) ќе ги проследите подолу во овој имејл.
Со искрена почит
Екипата на Македонскиот центар на Интернационален театарски институт/ПРОДУКЦИЈА
International Opera Day – 25 October 2020 in Macedonia!
International Opera Day 25.10.2020 with Mr. Ljubomir Brangjolica (opera composer)
(Photo credits by Ljubomir Brangjolica)
(Video reading by Kristina Peseva-Dinovska) LINK. https://www.youtube.com/watch?v=3ouHeuTCVj0
Opera Board: Oliver Balaburski (opera conductor), Kristina Peseva Dinovska (pianist, korepetitor), Dejan Proshev (opera director, MOB Skopje)
Coordinator: Kristina Peseva Dinovska
Special acknowledgment to Mr. Goran Dinovski (opera singer – tenor)
Video reading and camera. Kristina Pesheva Dinovska
Video editing. Mihailo Apostolov
Producer: Ivanka Apostolova Baskar
Organizers: Macedonian Center ITI/PRODUKCIJA
Supported by the Ministry of Culture R.N.Macedonia
Годишна програма на Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА:
Сирота мала богата драма 2020 (Успонот и падот на драмата).
Annual Program: Poor Little Rich Drama 2020 (The Rise and Fall of the Drama).
——————————————————————————————–
———————————————————————————-
ПОРАКА ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ОПЕРАТА – 25 ОКТОМВРИ 2020
Операта е плод на вечниот предизвик да се соединат во хармоничен брак музиката и драмата, инспирација на најголемите композитори на сите времиња, да ги спојат највозвишените уметнички изрази во еден комплексен ентитет и пред вечната публика, преку чудесниот јазик на музиката и моќта на зборот, да ги изведат на сцена, милениумските митови за природата на човекот и Бог, животот и смртта, љубовта и злото.
Оперските дела не допираат во најисконските длабочини на нашето битие и непрекинато, со стотици години, и покрај повеќе кратните историски теретења за нерелевантност, застареност и елитизам, и понатаму, претставуваат стожер ни уметнички доживувања за оние кои им се изложуваат со доверба и интерес.
Музичкиот театар е изнедрен плод на културата кој преку чудотворната синергија на многуте уметничк изрази го рефлектира човековиот идеал за трансцедентното значење на неговиот живот. Без него би биле празни школки, кои талкаат во потрага по некое слично „волшебно огледало“ во кое би ги виделе сите наши недостатоци и возвишености, би ги уочиле нашата способност за зло и потреба за љубов и во интимноста на нашите срца би ја сфатиле нашата вредност и би научиле да бидеме понизни пред големината на животот; без тој уметнички “апарат“ ние би биле изгубени, а нашиот вредносен компас расипан и бескорисен.
Изведбените уметности се соочуваат со повеќе, досега невидени, предизвици; театрите се затворени, аудиториумите празни, а сцените тивки. Во време кога вообичаено оперските куќи и публиката возбудено го исчекуваат отварањето на новата сезона, ние ја имаме само оваа порака. Но, делата на уметноста носат вистина, а нејзината вредност е света и колку и да ја криеме од очите на светот, и на најмалата светлина што и е упатена, таа дава огромен одблесок; нејзините дарови се неприкосновени и вечни, а ние без нив,вечно жедни.
Во оваа турбулентна година, кога театарот во живо е во опасност да згасне, побаравме од композиторот Љубомир Бранѓолица, кој со своето долго животно и музичко искуство, е еден од главните композиторски протагонист на македонската оперска и музичка изведбена историја, да упати порака по повод Светскиот ден на операта. Неговите зборовие беа јасни, а пораката кратка и служи како алка на премостување на се поголемиот јаз меѓу традицијата заситена со уметнички богатства и новото време кое допрва ќе треба да ја докаже валидноста на својата замислена вредносна матрица.
Маестро Бранѓолица ни рече: “Денес сме поплавени со забавна музика – брз лек за засенување на секојдневните грижи. Наспроти козметичкиот карактер на овие звуци, натежнати од теретот на комерцијалност, стои наследството на операта. Да не заборавиме дека е значајна; културниот момент на овој медиум кој не воздига и не упатува на традицијата на звукот и содржината, е всушност наследство кое ни е насушна потреба. Генијални композитори од различни стилски и историски епохи ги истуриле врз светот своите музичко-драмски дела за сите генерации да ги жнеат.“
На сите ви посакуваме мудрост, здравје и храброст. Да живее уметноста, да живее театарот, да живее операта и да живее операта во живо.
Автор на кратката порака: Љубомир Бранѓолица
Ко-автор и уредник на текстот: Кристина Пешева-Диновска
Скопје, 25.10.2020
Извор, Македонскиот центар на ИТИ/ПРОДУКЦИЈА 

НЕМА КОМЕНТАРИ