Швајцарската драма „Хронофобија“ во режија на Франческо Рици вечерва во 21 часот ќе биде премиерно прикажан во скопска Кинотека. Филмот е со времетраење од 93 минути. Во главните улоги се познатата швајцарска актерка Сабине Тимотео и италијанскиот актер Виничио Маркиони. Станува збор за хроника на невозможна љубовна приказна. Филмот е победник на Филмскиот фестивал во Богота за најдобар филм и режија, победник на Дурбан Интернационалниот филмски фестивал за најдобра монтажа, победник за најдобра режија и сценарио на фестивалот „Макс Офулс“, специјална награда од жирито на Филмскиот фестивал „Блек најтс“ во Талин и многу други награди и номинации. 

Сатер е осамен човек, кој е во постојано движење, бегајќи од себе. Преку ден, шета низ Швајцарија со бело комбе, додека преку ноќ тајно го набљудува животот на една друга осамена личност: Ана, млада жена што страда од сложен облик на тага. Откако ја открива неговата опседнатост со неа, се создава необична врска меѓу нив. Но оваа кревка рамнотежа за кратко време ќе биде уништена, кога Ана ја открива мрачната тајна на Сатер. 

„Хронофобија“ требаше да има премиера на 7ми август, но поради пандемијата со ковид-19 премиерата беше одложена за почеток на октомври. 

Филмот ќе се прикажува и во кината низ републиката со поддршка на „Свис Филмс“. Дистрибутер е КТ Филм и Медиа. 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНова колекција Kenzo инспирирана од македонскиот филм „Медена земја“
Следна објаваКако помина 22. Моден Викенд Скопје?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ