Со затворањето на изложбено-продажниот салон „Свесна Мода“ во Јавна Соба, успешно беше означен крајот на тридневното „поп-ап“ издание на настанот, во чии рамки имаше ексклузивен шоурум, арт инсталации, студентска изложба, едукативно предавање и богата музичка програма за присутните гости.

Пред бројните новинари, јавни личности и љубители на убавиот дизајн, своите колекции ги прикажаа, како познати имиња од домашната сцена, така и млади таленти за кои допрва ќе се слушне. Списокот учесници на „CONSCIOUS FASHION POP UP SHOWROOM“ го предводеа еминентни и перспективни имиња од земјата и странство: Irina Tosheva, Evgenija Zafirovska, Terziya, Stefanija Naseska, Pssbl, Krenare Rugova, Minnimal, Kotev Ksenija, Seddum, Tessuti Art by Ana Jakim, Meleem, Lipa Ceramics, Меlani Digit, Saksija Urban Pots и Siidess Furniture. Кон мисијата да се промовира најдоброто од одржливиот дизајн во Скопје, како коорганизатор за реализација на проектот, максимална поддршка даде берлинската консалтинг агенција ONLYАFEW, раководена од тандемот Дороти Сара Спехар и Кристина Илиевска.

Моден Викенд Скопје ја продолжи и продлабочи соработката и со школата Џолев и Уметностите, чиишто студенти при академијата за моден дизајн: Ана Франгова („Оne with the nature), Ева Таневска („Хаос“), Никола Јовановски („We are the MODS) и Катерина Димитровска („Кој си ти?“) низ концептуална изложба на нивните изработки под менторство на Никола Ефтимов, уште еднаш потврдија дека на македонската мода и дизајн им претстои светла иднина. Сите мултимедијални содржини поврзани со настанот и снимањето на едиторијалот се во продукција на магазинот Skala и тимот составен од: Антонио Станков (фотографија), Филип Бојковски (фотографија), Виктор Стојков (видео и монтажа), Долорес Соколова (сет асистент), Дејан Џолев (креативен директор) и Бинаса Дрндар (оперативен директор).

Последниот ден мина во знакот на eдукација за одржливоста,  односно професионални излагања на темата од претставниците на Fashion Revolution, DS Agency и ОNLYAFEW. „Одржливата мода е несомнено тема  која има многу простор за истражување и дејствување. Самата соработка со Моден Викенд Скопје е огромен исчекор и добар старт кон потранспарентни практики кои би ја зголемиле отчетноста на брендовите за тоа кој, како ја прави облеката и во какви услови, а со тоа и нејзините влијанија врз животната средина. Заедно со DS Agency и ONLYAFEW  на посетителите им изнесовме корисни информации, примери и можни начини на делување,  што би ги доближиле до поодржливи модни практики. Исто така ги запознавме со движењето, нашите активности и можностите за идни соработки.” – изјави Ана Јакимовска, координатор на Fashion Revolution Macedonia.

Јавна Соба доби магичен допир на природата благодарение на Цветна Фабрика, малата работилница која секојдневно ги слави убавината и сензибилитетот на секој цвет и латица, додека одблесокот на огледалата од уметничката инсталација на MG ART беше вистински магнет за селфи фотографии. Визуелниот имиџ и оваа сезона е дело на графичката дизајнерка Јана Марковска – Do More. За добрата забава како музички гости се појавија маестралниот најпрво Gloomié, а наредниот ден и Jon Bela со бендот, обајцата воодушевувајќи ги сите со перформансите во живо.

Официјален пијалак е Jack Daniels, едно од најпопуларните и најпочитуваните вискија во светот. На забавите неижбено се наздравуваше и со сортните вина на Vizba Valandovo Winery, по некоја чашка ракија од дестилеријата Антика, или, пак, руската премиум вотка Beluga. За хидратација и освежување со стил, полн погодок е водата Пелистерка. За здрава и негувана кожа без брчки, француската медицинска козметика URIAGE ја има добитната формула.

Дигитален партнер на дваесет и втората сезона на Моден Викенд Скопје е телекомуникацискиот оператор А1. Следете ги последните новини за дизајнерите учесници и сите тековни активности онлајн на социјалните мрежи. Благодарност за сета љубов што нашите модни херои на денешницата ја добиваа изминатиот период во неизмерни количини.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПремиера на швајцарскиот филм Хронофобија во Кинотека
Следна објава“Славење на животот”: Нова колекција на Elie Saab – пролет / лето 2021 година
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ